Лугархија бр.2

Испратено од Арангел во 15 Ноември, 2008 - 14:31.
Секакви
Излезе вториот број на месечниот изајн Лугархија. Некои од темите покриени во овој број се:
  • VPN
  • GNU Privacy Guard
  • DHTML
  • Jabber речници
PDF датотеката можете да ја преземете тука.

Излезе Ubuntu 8.10

Испратено од А.Балаловски во 30 Октомври, 2008 - 23:48.
::
Ubuntu

Android, официјално слободен софтвер

Испратено од А.Балаловски во 22 Октомври, 2008 - 12:07.
::
Google

По многуте навестувања, без воопшто да се двоумат, Google го издава кодот на Android, платформата за мобилни уреди, како слободен софтвер лиценциран под ASL (Apache software license).

Пред извесно време, T-Mobile го објави и нивниот мобилен телефон кој ја користи Android платформата, T-Mobile G1, со што стана првиот телефон кој го користи овој софтвер. Во иднина се очекуваат многу други производи кои ќе ја користат оваа платформа, и многу повеќе забава во развивањето на софтвер за мобилните уреди.

Лугархија бр.1

Испратено од Арангел во 15 Октомври, 2008 - 11:38.
Секакви

Лугархија претставува првиот месечен хакерски eZine кој од месец октомври 2008г. започнува со редовно издавање.

На „Лугархија“ може да се гледа како на магазин во кој ќе бидат разгледувани тематики околу слободниот софтвер, развој на софтвер, активизам и идеологија. Во обид да се рашири зборот за него, ќе биде печатен ограничен број примероци од секое издание кој најверојатно ќе биде разделен по средните школи во Битола, а по потреба и во други градови низ Македонија.

Првиот број на лугархија можете да го преземете тука.

Излезе OpenOffice 3.0

Испратено од Игор во 14 Октомври, 2008 - 13:32.
OpenOffice

Среде досега невидена побрарувачка за некој канцелариски пакет, развојниот тим на OpenOffice и заедницата на програмери ширум целиот свет ни ја испорачаа верзијата 3.0.

Моментално страницата е под опсада од многубројните корисници кои се обидуваат да ја симнат најновата верзија од нивниот омилен слободен канцелариски пакет.

Повелете и вие.

5 препорачани 3D стратегии за GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 11 Септември, 2008 - 10:02.
Игри

Уште една содржина во која се опишуваат 5 real-time стратегии за GNU/Linux.

100 најкорисни слободни апликации

Испратено од А.Балаловски во 9 Август, 2008 - 13:36.
Секакви

На UbuntulinuxHelp се појави статија во која се наведуваат 100те најкорисни апликации за корисниците на GNU/Linux. На овој начин сакаат да им помогнат на корисниците кои бараат софтвер за конкретни потреби. Апликациите се поделени во категории, што дополнително ја олеснува работата.

OpenOffice.org 3.0 Beta 2

Испратено од А.Балаловски во 18 Јули, 2008 - 10:46.
OpenOffice

OpenOffice.org ја дочека својата нова бета верзија пред официјалното главно издание на OpenOffice.org 3.0.

Новитети во оваа бета се неколку. Управувачот за екстензии вклучува можност за уредување на речниците, како и редица други подобрувања на различни модули. Повеќе информации има овде, а симнување овде.

Излезе Linux 2.6.26

Испратено од А.Балаловски во 18 Јули, 2008 - 10:42.
::
Linux

Неодамна излезе новата верзија на Linux јадрото, верзија 2.6.26.

Има многу повеќе драјвери, зголемена поддршка за OLPC, поддршка за x86 PAT, PCI Express ASPM итн. Официјално известување можете да прочитате овде, а повеќе детаљи за измените овде.

Firefox 3

Испратено од А.Балаловски во 17 Јуни, 2008 - 18:07.
::
Firefox

Денес излезе Firefox 3.0.

Честитки за сите корисници на најпопуларниот прелистувач и едно мало потсетување. Ако сте ветиле да го симните Firefox 3.0 со што ќе помогнете регистрирање на гинисов рекорд за најпреземен софтвер, можете да го сторите преку официјалниот сајт за преземање.